Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден уред „ТАГ“ (микробранов транспондер) при патување низ Македонија и Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Проектот беше најавен во септември 2021 година во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава. Возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Македонија и во Србија.
Реализацијата на проектот Отворен Балкан е во завршна фаза, се врши тестирање и проверка на системот, во реално време и со реални податоци. Изминатиов период се правеше подготовка на интеграција на системите за наплата на патарина на Република Северна Македонија и Република Србија. Системот ги помина успешно тестирањата. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји, објаснуваат од Јавното претпријатие.
ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.