Македонија

Објавено кои се казнетите маркети и увозници на овошје и зеленчук

26 Apr 2023

Издадени се прекршочни налози за Кванташки пазар, за увозници на овошје и зеленчук како и за субјекти во трговијата на мало, а ќе следат и кривични пријави за трговски субјекти за кои е утврдено затајување на плаќање на давачки кон државата. Ова денеска го соопштија на прес - конференција министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат(ДПИ), Горан Трајковски.

Пазарните инспектори во кординација со Финансиската полиција, Царинската управа, Управата за јавни приходи ќе продолжат со засилени акции на терен со цел да се почитуваат одлуките на Владата за цените на основните прехранбени производи.

Во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата. Нема да има никакви отстапки за никој што не ги почитуваат одлуките на Владата. Во текот на вчерашниот ден се одземени над 15 тони овошје и зеленчук и акциите ќе продолжат. Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар, компанијата „Анмарк ДООЕЛ“, има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите „Астра фреш“, „Савари“, „Атлантик“, „Фрута-Фрукта“, „Стрима“, „Нехар фреш“, „Ема стил“ и други, а секако има и казни за трговците на мало како што „Кипер, „Стокомак“, „Зендолино“, „Тинекс“, „Веро“,  „Миса МКБ“ и нема да застанеме со акциите и контролите тука, ќе продолжат секојдневно, кажа Бектеши.  

Тој додаде дека  избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци. Затекнати се трговци кои не водат евиденција во трговија, рече тој, а одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

Изречена е глоба за Кванташкиот пазар, но и за многу увозници и она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да  дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции, кажа Трајковски.

Тој најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...