Македонија

(ВИДЕО) СКОПСКО лансираше нова кампања во соработка со маестро Симон Трпчески

11 Apr 2023

Пивскиот бренд СКОПСКО и пијанистот Симон Трпчески со делото „Малешевка“ од албумот „МАКЕДОНИСИМО (композитор Панде Шахов) “, се споија во новата кампања за СКОПСКО, која го слави сето она што ја прави македонската музика посебна: ритамот, луѓето, нивните врски, блискоста и заедништвото, соопштија од „Пивара Скопје“.

Од таму велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.

Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „МАКЕДОНИСИМО“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност, изјави Марта Завкова, бренд менаџр за СКОПСКО.

Како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо, погледнете во видео спотот:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...