Повеќе од 180 прекршочни платни налози со вредност од над 6,5 милиони денари (105,5 илјади евра) издале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повеќе од 500 направени проверки во периодот од 20 до 26 март.
Од ДПИ информираат дека 125 прекршочни платни налози се издадени согласно Законот за трговија, 42 по Законот за угостителска дејност, 26 прекршоци биле направени според Законот за заштита од пушењето, 100 за нарушувања по Законот за финансиска дисциплина и 20 по Законот за енергетика.
Во рамки на спроведените контроли, 130 се однесуваат на (не)спроведувањето а владините одлуки за замрзнување на цените на основните прехранбени намирници, и снабденоста во трговијата. Констатирани се само шест прекршоци, со вкупна казна од над 754 илјади денари, или 12,2 илјади евра.
Државните инспектори и понатаму ќе бидат на терен, законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран, соопштија од ДПИ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.