Македонија

Министерството за земјоделство дава поддршка за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

28 мар 2023

Би сакале да нагласиме дека ги следиме трошоците што земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство. Притоа следиме два парметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на приозводствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информативен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи,  соопштија од Министерството за земјоделство. 

Оттаму вела дека цените на овошјето и зеленчукот се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците, се вели во соопштението од министерството. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот и смета дека таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...