Македонија

Битиќи: Следната недела ќе има нова листа производи со намалени цени

09 Mar 2023

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека е во подготовка нова листа основни прехранбени производи за кои се предвидуваат мерки со кои што треба да се намали нивната цена.

Тој не прецизира кои се тие производи и дали мерката ќе биде замрзнување на цента, но рече дека сите мерки кои што ги носи Владата се во насока да им се помогне на граѓаните, но и компаниите да остваруваат одреден профит. 

Наскоро, мислам веќе наредните денови или следната недела ќе имаме нова листа на продукти со нови мерки, рече Битиќи одговарајќи на прашања на новинарите на маргините на настанот за дигитализација во царинскот работење. Веќе е донесена одлуката за намалување одредени царински давачки за тестенинини, доматно пире и сл. што би требало да придонесе да се намалат цените на овие производи. Се разговара и се прават анализите за одредени производи кои што се во сегментот на млеко и млечни производи. Секако, ние не сакаме да нанесеме штета кај стопанствениците, но ќе треба сите заедно да собереме сили да ги намалиме цените, со цел граѓаните да бидат најмалку оштетени во овој кризен период, рече Битиќи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...