Македонија

Нов дистрибутер на Jamnica и Dijamant

08 Mar 2023

Двете големи регионални компании, „Нелт“ и „Фортенова група“ почнаа соработка во Македонија, при што „Нелт СТ“ ќе врши логистички услуги и ќе биде дистрибутер на брендовите на двете компании на „Фортенова група“ - Jamnica и Dijamant. 

Македонскиот пазар ќе биде еден од стратешките извозни фокуси на брендот Dijamant во 2023година. Dijamant ќе ја пласира цела лепеза на производи – зејтин, маргарини, мајонези и преливи на база на мајонез, под брендовите  Dijamant и Dobro jutro. 

Направивме голем чекор напред започнувајќи соработка со респектабилен партнер како што е „Фортенова група“. Во согласност со актуелната стратегија на „Нелт група“, го забрзуваме работењето и особено ни е драго што во нашето портфолио ќе имаме значајни брендови како што се Jamnica, Jana и Dijamant, изјави Сашко Блажевски, извршниот директор на „Нелт група“ за Македонија. 

Тој вели дека искуството и стандардите што „Нелт“ ги применува во секојдневното работење во својата дистрибутивна и логистичка мрежа гарантираат успешна и долгорочна соработка.

Во наредниот период, преку соработка со „Нелт“, очекуваме дополнително проширување на нашиот асортиман во маркетите. Очекуваме до крај на годината од сегашните 1.200 маркети да се прошириме во повеќе од 2.000 маркети во Северна Македонија. Важно ни е на македонскиот пазар да се воведат производите кои се помалку познати, а имаат голем потенцијал. Целта ни е со сите брендови кои ќе бидат присутни на македонскиот пазар да достигнеме резултати какви што имаме со Jana и со Jana ледениот чај. Во следниот период на пазарот во Северна Македонија ќе бидеме присутни со скоро целиот асортиман: Jana, Jamnica, Jana витаминска, Jana Јана ледени чаеви, Jana со вкус на овошје, Mg Mivela, Sara,Proport и Progejm, изјави Дејан Варга, директор за извоз на групата „пијалаци“ во „Фортенова група“, чиј дел е и Jamnica.

Од друга страна, со ова ексклузивно партнерство, Dijamant го зајакнува фокусот на пазарот во Македонија и го зголемува своето присуство на малопродажните полици, што со отворањето на нови фабрики за производство на сирово и масло за јадење во Зрењанин, е најдобар начин за одбележување на овогодинешниот јубилеј од 85 годишно работење.

По повод почетокот на новите соработки, во Скопје се одржаа kick - off состаноци на кои извозните тимови ги претставија компаниите од „Фортенова група“, нивниот асортиман и брендови, како и плановите за македонскиот пазар.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...