Македонија

Ковачевски: Зголемувањето на минималната плата нема да влијае негативно врз приватниот сектор

13 Jan 2023

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата на 20.200 денари (од сегашните 18.000 денари), најавено за март годинава

Според Ковачевски, и кога се зголемуваше минималната плата на 18 проценти, стопанските комори немаа никаква забелешка со оглед дека просечното ниво на плати во приватниот сектор, како што објасни, е повиско од она на минималната плата.

Кога се правеше Законот за минимална плата се воведе модел во кој се вклучува и порастот на трошоците, но и на продуктивноста. Сметам дека повторно нема да има никакво негативно влијание врз приватниот сектор. Нормално, тоа усогласување ќе следи и во другите сектори, а ќе влијае и на зголемувањето на просечната плата. Јас бев убеден дека просечната плата ќе биде над 500 евра во 2022 година и тоа се случи. Сметам дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации и зголемувањето на минималната плата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на РЕК Битола.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...