Македонија

Цените на лебот, млекото и месото ќе се намалат во наредните 10 дена, тврди Бектеши

10 Nov 2022

Цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе имаат намалување. Ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите.

Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, нагласи Бектеши.

Според него, ако суровините останат на истите увозни цени, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања.

Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.

Според Бектеши, преку Царинската управа се следат увозните цени на производите.

Таму почна да има намалување, а листата на тие што ќе добијат субвенционирана струја ќе се достави до Државниот пазарен инспекторат и ќе се направат соодветните контроли. Ги повикувам потрошувачите и граѓаните, доколку утврдат дека нема намалување на овие производи согласно процентите, да пријават во Државниот пазарен инспекторат се со цел да намалат и тие цени и залихи кои се направени од одредени компании, додаде Бектеши.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...