Целата слатка програма како и закуските на „Витаминка“ се изложени на саемот ИСМ – СИ 2022, што од 8 до 10 ноември се одржува во Дубаи. ИСМ е најголемото саемско случување за кондиторски производи во Средниот Исток и претставува значајна бизнис и комуникациска платформа во прехранбената индустријата.
Настапите на саеми, посебно овие што важат за центар на случувањата во индустријата се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се обезбедува пат до светските пазари. За нас, уште еднаш се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креираме конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања од страна на потрошувачите, а тоа првично се мери на овие манифестации. Патот до странските пазари започнува од саемското претставување и можностите за потенцијални соработки на глобално ниво, изјави Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.
Оваа година саемот стави посебен акцент на чоколадата, кондиторските производи, десерти, грицки, обезбедувајќи значителни можности за компаниите да се вмрежат, да го промовираат својот бренд и да го прошират својот трговски круг низ регионот. Како изложувачи присутни се производители, компании, синџири и дистрибутери од целиот свет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.