Македонија

„Бимилк“ го отвори Битолското детско игралиште

26 сеп 2022

Во присуство на граѓаните на Битола, претставници на локалната самоуправа и голем број гости, „Бимилк“ свечено го отвори Битолското детско игралиште. Игралиштето е донација од „Битолска млекара“ и компанијата го посветува на децата и нивната здрава и среќна иднина.

Грижата и активниот однос кон заедницата е наш придонес што произлегува од корпоративната стратегија на „Млекара Битола“. Како најголема и прва млекара во државата, покрај производи со врвен квалитет преку вакви донации создаваме и трајни вредности со цел да поттикнеме и мотивираме на едукација, на рекреација и сето она што е потребно за децата здраво и среќно да растат. Преку пренесување на вистинските вредности кај децата правиме чекор напред кон подобрување на условите во општеството и животот во целост. Наша традиција во делувањето е да иницираме различни активности кои на најмладите ќе им овозможат поубаво и поздраво воспитување, затоа што сите растеме заедно и треба тоа да го направиме поквалитетно и посреќно, истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер на „Бимилк“.

Игралиштето е лоцирано во Градскиот парк на вкупна површина од 1 400 m2 и располага со 15 реквизити за индивидуални или игри во група. Вредноста на донацијата е 2.000.000 денари.

Игралиштето е изградено во соработка со Општина Битола и според градоначалникот Коњановски е една од потребите на градот и содржина што недостига.

Општина Битола продолжува со реализација на програмскиот концепт кој предвидува создавање нови хортикултурно уредени простори, простори исполнети со детски играчки, спортски реквизити и друга опрема. Покрај активностите кои општината, заедно со јавните претпријатија ги реализира за уредување на новиот парк во Нова Битола на површина од 25.000 метри квадратни, денес, како резултат на соработката на локалната самоуправа со бизнис заедницата, во градскиот парк, имаме ново, соодветно уредено детско игралиште, рекреативно катче, кое покрај што го разубавува овој дел и содржински го оплеменува. Изразувам голема благодарност за оваа донација од „Бимилк“, им честитам за нивната 70 годишна, успешна работа и им посакувам голем напредок, продолжување на нашата соработка, како и реализација на многу нови заеднички иницијативи, изјави Коњановски.

Отворањето на детското игралиште беше проследено со забава, музика, креативни игри и едукација. Со поддршка од „Пакомак“ за најмладите беа организирани и едукативни работилници на тема екологија преку кои на децата на интересен, креативен и игривен начин им беше претставено рециклирањето и пренамената на отпадот.

„Битолска млекара“, како најголем производител на млеко и млечни производи спроведува обемна општествено одговорна програма на локално и национално ниво, во која најголем акцент се посветува на децата. Оваа година првата млекарница во државата го обележува својот голем јубилеј – 70 години работа и производството на првокласни млечни производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...