Македонија

Се одржа ЛАГ ЕКСПО 2022 - прв саем за локален развој во државата

26 сеп 2022

На 23 септември, во културниот дом „Ацо Караманов” во Радовиш, се одржа ЛАГ Експо 2022 – саем за локален развој. Овој саем е прв од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискутираа за теми поврзани со локалниот развој кои ги засегаат сите рурални заедници.

На саемот со свои штандови, производи и активности се претставија и членовите на ЛАГ - овите Бојмија, Беласица - Огражден, Малеш -Пијанец, Абер 2015 и Плачковица.

Целта на саемот е да се презентираат и да се споделат искуствата на домашните Локални акциски групи, како и оние од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој. Локалните акциски групи, кои беа во фокусот на саемот се непрофитни граѓански организации од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор и се двигатели на развојот во руралните средини.

Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Петар Ѓоргиевски, претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и на Балканската мрежа за рурален развој како и секретарот на општина Радовиш се обратија на присутните, ја поздравија иницијативата за ваков саем и ја реафирмираа поддршката за Локалните акциски групи и руралните средини во државата. Присуствуваа и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ.

ЛАГ Експо 2022 се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...