Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,4% на месечно ниво и за 18% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во јули 2022 година во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 3,5 %, преработувачка индустрија за 1%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27,1%.
Во јули годинава во споредба со јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 8,9%, преработувачка индустрија за 16,7% и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.