Македонија

„Виталиа“ со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

20 Jun 2022

„Виталиа“ е првата компанија за производство на здрава храна во Македонија која го има добиено престижниот сертификат BRC, соопштија од компанијата.

BRC сертификатот го поседуваат компании кои се придржуваат кон високите, интернационални стандарди предвидени од Британскиот конзорциум за малопродажба, како што се глобалните корпорации „Теско“ и „Волмарт“. Со цел да се усогласат со овие стандарди, компаниите кои работат во секторот за храна (производители) мора да исполнат повеќе критериуми во процесот на производство. Овие критериуми вклучуваат: HACCP анализа на опасностите и систем за управување со критични контролни точки, процедури за заштита на животната средина и околината, утврдување на влијанието на околината врз процесот на производство, процес на контрола и компетентност на персоналот, имплементирање стандарди за хигиена на процесот и вработените, контрола на добавувачите на суровини, контрола на пакување и означување согласно законските прописи во и надвор од Македонија, заштита од контаминација на продуктот, редовно одржување на опремата за работа...При оценувањето на „Виталиа“, BRC ѝ ја додели високата оцена „А“ која гарантира дека компанијата го „поминува тестот“ по сите предвидени критериуми.

BRC е еден од двата „клучни“ стандарди кои се одобрени од Глобалната иницијатива за безбедност на храната (GFSI), покрај стандардот IFS (International Food Standard), кој практично се смета за негов еквивалент. Двата стандарди ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производот во прехрамбената индустрија. Со добивањето на сертификатот BRC и IFS, производителот дава до знаење дека поседува високо ниво на компетентност за следење и постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на производот и дека ги презел сите можни мерки на претпазливост за да спречи проблеми доколку квалитетот и безбедноста некогаш бидат предизвикани.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...