Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Нова дрогерија dm во Струга

20 Jun 2022

„дм дрогерие маркт“ ја продолжува десетгодишната континуирана експанзија на македонскиот пазар – на 16 јуни беше отворена првата дрогерија во Струга.

Новата дрогерија е со вкупна површина од 447,76 квадратни метри, од кои 322,41,58 се продажен простор, 96,8 се магацински, а 22,55 квадрати се помошен простор. Лоцирана е на улицата Маршал Тито, бр. 1, а работното време е од понеделник до сабота, од 8 до 22 часот.

Општествената одговорност и овој пат не изостана. Дел од остварениот промет, односно 145.000 денари од денот на отворањето беа донирани за хуманитарни цели на ООУ ,,Јосип Броз Тито“ од Струга,

Дрогериите на dm со асортиманот имаат повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхраната, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Трговските марки како Balea, alverde, dmBio, babylove и Denkmit се со идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи.

Годинава dm го прославува 10-годишниот јубилеј на македонскиот пазар. Вклучително со новиот објект, dm во Македонија е присутен со 22 продажни објекти, од кои 13 се во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и во Струга.

Gallery: dm - Струга



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...