Македонија

Пораст на продажните цени на индустриските производи за 15,7%

11 Apr 2022

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава се повисоки за 0,8% на месечно ниво и за 15,7% на годишно ниво.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, пораст во споредба со јануари е забележан во секторите преработувачка индустрија за 1%, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,8% и рударство и вадење на камен за 0,1%.

Во споредба со февруари лани, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се бележи пораст за 44%, во рударство и вадење на камен за 17,6%, а во преработувачката индустрија за 13,8%.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0,4%, а на годишно ниво за 14,2%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...