Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Реновиран „Жито“ кај градскиот пазар во Велес

04 Apr 2022

Трговскиот синџир „Жито“ е во процес на реновирање и проширување на мрежата.

Последен во низата обновени и реновирани објекти на „Жито“ е маркетот лоциран на улицата Ангел Мишев, број 46, во близината на градскиот пазар во Велес.

Маркетот е со површина од речиси 600 квадратни метри, од кои речиси 440 квадрати се продажен простор, каде што сега е сместен проширен асортиман на производи за широка потрошувачка. Дополнително, збогатен е и одделот на свежо овошје и зеленчук, кој се снабдува преку традиционалниот партнер Fruit Land.

Во процес сме на реновирање и реструктурирање на повеќе наши маркети, речиси во сте градови и населени места во земјава. Како и секогаш, го слушаме пулсот на нашите ценети потрошувачи, па така и освежувањата на објектите се структурираат во согласност со нивните потреби и очекувања. Политиката на освежување на постојните и отворање на нови маркети ја продолжуваме и во следниот период, велат одговорните од „Жито“.

Реновираната продавница располага со четири наплатни каси, а работното време е старндардно – од понеделник до сабота, од 7:00 до 21:00 часот.

Gallery: Жито - Велес



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...