Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50. 000 тони пченица и 25. 000 тони пченка. .
Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50. 000 тони пченица и 25. 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.
Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.
Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.
Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, изјави дека ова не е количина потребна за стоковите резерви на Македонија, туку е дел од годишните планови на стопанските субјекти. Во државата има сосема доволна количина пченица и пченка. Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, напиша Николовски на Фејсбук.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.