Македонија

Се празнат продавниците – се „граба“ зејтин и брашно

28 Feb 2022

Граѓаните ги преплавија продавниците, а најкупувани продукти, како што можеше да се забележи од нашата обиколка низ продавниците, беа маслото за јадење, брашното и квасецот, пренесе „Слободен печат“.

Во продавниците се повторува сценариото од пред речиси 2 години кога почна пандемијата, но сега од други две причини- за да се пресретне одмрзнувањето на цените на 1 март, но и од страв од недостиг на храна по сите информации што доаѓаат поради руско-украинската војна.

Повторно се случува истото како на почетокот на пандемијата. За неполни два часа откога ја отворивме продавницата, се испразнија голем дел од рафтовите и повторно ги пополнувавме. Зејтин се купува по цела кутија, брашно од големите пакувања по 5 килограми, велат во една продавница.

Цените на безрите на житата и на маслото за јадење веќе растат, а стравувањата на стопанствениците се дека цените и понатаму ќе растат.

Извор: Слободен печат 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...