Иницијативата „Отворен Балкан“ би можела да создаде нови можност за подобрување на нивното работењето согласни се 96,4 процетни извозно ориентираните компании кои биле дел од истражувањето на тинк-тенк организација „Аналитика“ за перцепцијата на иницијатива од страна на компаниите.
Истражувањето спроведено во репрезентативен примерок од 30 извозно ориентирани компанини покажало дека тие очекуваат „Отворен Балкан“ да ги поедностави и забрза процедурите за извоз во регионот, по примерот на олеснувата кои ги имаат со Европската унија.
За 89,3 проценти од компаниите нема пречки за остварувањето на економската соработка во регионот, додека за 10,7 проценти пречка се долгите чекања на границите, голем број давачки и преголемиот број административни документи.
Олеснување во однос на движењето на капиталот речиси 42 отсто од компаниите сметаат дека е потребно кај директните инвестиции, додека една третина од нив смета дека такво нешто е потребно и кај лични движења на капитал.
Освен на капиталот, 80 проценти сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе го олесни целосно и движењето на луѓето, додека 17,2 отсто сметаат дека тоа ќе го направи во голема мерка. Само 3,4 отсто од компаниите сметаат дека иницијативата нема да промени ништо.
Инаку, во контекст на истражувањето, најголем број од компаниите, дури 70 проценти тргуваат со Србија, 53 проценти имаат трговска размена со Косово, нешто помалку, 46,6 проценти со Албанија, по што следат Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Истражувачите од „Аналитика“ сметаат дека иницијативите како „Отворен Балкан“ се добри за компаниите, но оти нерешени билатерални спорови меѓу змејите во регионот кои ја обременуваат и економската соработка не им доволуваат да го достигнат целосниот потенцијал.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.