Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер денеска во Софија во рамки на заедничката седница на македонската и бугарската Влада потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија.
Целта на овој Меморандум за разбирање е промовирање на трговската и инвестициската соработка помеѓу претпријатијата и особено малите и средни претрпијатија на двете земји, соопштија од Министерството за економија.
Согласно Меморандумот, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претрпијатија (МСП) од двете земји да одржуваат различни форми на соработка. Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу МПС од двете земји.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.