Македонија

АХВ: Свинското месо нема да поскапи

14 Jan 2022

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски информираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање.

Според него, поради африканската свинска чума  не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар.

Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче. Од тогаш до денес, во радиус од три километри уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег нема ниту една жива свиња. Направена е депопулација, со што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Во наредните денови, Бабовски соопшти дека ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде не можат да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус. Нешто слично како и со КОВИД-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход, вели тој.

На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...