Royal Veggies е новата линија производи од замрзнат зеленчук достапна на пазарот. Се состои од седум пакувања, избор од најчесто користените и комбинација од селектирани видови зеленчук. За овие производи употребен е првокласен внимателно селектиран зеленчук.
Од компанијата „Слога пром“ велат дека со оваа понуда се задоволува голем недостаток и потреба на пазарот во овој сегмент од прехранбени производи во замрзната форма.
Лансирањето на новата линија Royal Veggies е продолжување на инвестицискиот бран што го имаме во последнава година во „Слога пром“ во нови и во подобрување на квалитетот на сите производи. За таа цел безрезервно вложуваме и во човечкиот капитал но и во нови погони и модерни машини, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога пром.
Компанијата од Кавадарци неодамна направи модернизација на целата производна палета, со што даде нов визуелен идентитет со амбалажа специфична по боја и дизајн, a новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури.
„Слога пром“ веќе 30 години работи на македонскиот пазар. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо. Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3.500 тони.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.