Во среда, на 12 јануари, истекува рокот за пријавување за учество на првите награди за е-трговија „Ecommerce Awards“ што ги организира Асоцијацијата за е - трговија на Македонија – АЕТМ.
Целта на востановувањето на наградите е да се препознае успешната работа на македонските е-трговци како и да се поттикне што повеќе компании да се вклучат во е-трговијата и да го унапредат своето работење.
Од Асоцијацијата за е - трговија велат дека иако пријавувањето е отворено само неколку дена, досега има голем интерес од страна на е-трговците и на официјалната веб страница на натпреварот има пристигнато голем број на пријави од македонските е - трговци.
Според Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ, е - трговијата за време на пандемијата не претставуваше избор, туку неопходност – граѓаните мораа да ги зајакнат своите дигитални вештини во услови на забрани за движење со цел да стигнат безбедно до производи и услуги, а компаниите мораа да се адаптираат со цел да компензираат за падот на физичките локации, да стигнат до нови клиенти и да го одржат својот бизнис.
Колку што претставуваше можност оваа состојба за е-трговијата, толку претставуваше и предизвик за компаниите кои вложија труд и напори и со тоа придонесоа и за унапредување на македонската е-трговија. Структурата на онлајн трансакции значајно се промени во полза на домашните е-трговци. Првите награди во е-трговија „Ecommerce Awards“ ќе ги препознаат овие напори на е-трговците, ќе ја промовираат е-трговијата, а ќе влијаат и на зголемување на конкурентноста меѓу бизнисите за е-трговија, вели Ангеловска.
Најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за облека и обувки”, “Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, “Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.
-По затворање на рокот за пријавување, пријавите што ги исполнуваат условите на натпреварот ќе бидат објавени на 21 јануари на листата на номинирани во соодветните категории. По објавувањето на номинираните е-трговци ќе следи гласање од јавноста кое ќе трае до 10 февруари, како и гласање од жири комисијата составена од стручни лица.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.