Македонија

(ГАЛЕРИИ) Два нови големи маркети „Кам“ во Скопје и во Битола

28 Dec 2021

Последната седмица од оваа 2021 година, „Кам“ ја заокружи со отворање на два големи маркети во Скопје и во Битола и тоа во рамките на двата трговски центри „Кам“.

Маркетот во Скопје, кој беше отворен вчера (27 декември), се простира на 647 квадратни метри и се наоѓа во строгиот центар на градот, на улицата Св. Кирил и Методиј, бр. 3 (поранешен Цветен пазар). Овој маркет „Кам“ располага со богат асортиман на свежо месо, риба, овошје и зеленчук, сопствена пекарница и бесплатен паркинг за посетителите. Работното време е од 8 до 22 часот.

Уште еден модерен и добро опремен маркет „Кам“ се отвори денеска (28 декември) во Битола, на адреса Партизанска (главниот влез за касарната), со површина од 365 квадратни метри. Работното време на овој маркет е од 7:30 до 21:30 часот.

На деновите на отворањата посетителите имаат можност да дегустираат некои од најпознатите приватни марки на „Кам“ – Bella Farm, Amia, Milord и Solis, да освојат различни подароци на тркалото на среќата, но и да ги искористат акциските цени на дел од асортиманот.

Gallery: Кам цантар - Скопје

Gallery: Кам - Битола



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...