Денеска со почеток во 13.45 часот ќе почне јубилејното, десетто издание на Самитот на организацијата „Македонија2025“.
Централна тема на годинешниот Самит ќе биде дигитализацијата, а истата ќе провејува како заедничка нишка и во сите други панели. На Самитот ќе се презентираат најновите достигнувања, трендови, знаења и вештини во областа на дигитализација, циркуларната економија, успешни регионални бизниси од областа на технологија и ИКТ секторот, а ќе се зборува и за жешките економски прашања - инфлацијата, економскиот раст, енергетска криза и други, соопштија од организацијата.
Воведни обраќања ќе имаат Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија2025“ и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.