Македонија

Нова дрогерија dm во „Ист гејт мол“

15 Nov 2021

На 11 ноември dm ја отвори новата дрогерија во „Ист гејт мол“, со што бројот на продажни објекти во земјава го прошири на вкупно 21.

Новата дрогерија е со вкупна површина од 362,96 квадратни метри, од кои 279,58 се продажен простор, 68,55 се магацински, а 14,83 квадрати се помошен простор.

Асортиманот го сочинуваат повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхраната, производи за хигиена во домот, за нега на алишта... Голем дел од асортиманот го сочинуваат приватните трговски марки – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, кои се со ист квалитет во сите 13 земји каде што работи компанијата.

Општествената одговорност на dm како компанија и овој пат не изостана. Дел од остварениот промет на денот на отворањето, односно 120.000 денари, беа донирани во хуманитарни цели на ДУЦР ,,Партенија Зографски“ од Скопје.

Со отворањето на овој објект, dm во Македонија е присутен со 21 продажен објект, од кои 13 се во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...