Македонија

dm со двоцифрен раст и рекорден број донации во 2020/2021 година

11 Nov 2021

Дрогериите dm во деловната 2020/21 остварија промет oд речиси 1.4 милијарди денари, со што бележи раст од 31,3%. Со ваков позитивен биланс компанијата ја заврши својата 9-та деловна година на македонскиот пазар.

Најголемиот дрогериски ланец во Европа, покрај континуираниот раст, оваа година ја одбележа и со рекордна сума на хуманитарни донации од 4,8 милиони денари.

Во деловната 2020/21 година, dm ја прошири својата продажна мрежа со 2 нови дрогерии во 2 нови градови во нашата земја, со што, моменталниот број на продажни објекти на dm изнесува 20 дрогерии во 9 градови. Покрај 12-те дрогерии во Скопје, купувачите можат да ги најдат производите и во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид. Дополнително, во оваа деловна година, компанијата инвестираше речиси 55 милиони денари во модернизација на постоечките и отворање на нови продажни објекти.

Меѓу другото, деловната 2020/21 година за компанијата донесе и успешни резултати на ниво на целиот dm концерн, со остварен вкупен промет од 12,26 милијарди евра. Во месец мај 2021 година, dm се прошири во уште една земја во Европа. Полска стана член на dm „семејството“, како 14-та земја во концернот. Покрај тоа, бројот на продажни објекти на ниво на Европа се прошири на 3.862, а бројот на вработени во концернот достигна повеќе од 66.000.

Посебна гордост за нас, како успешна и општествено-одговорна компанија, претставува фактот што од година во година успеваме да потврдиме дека нашите резултати се постигнати благодарение на нашите напори, да направиме сѐ за купувачите да се чувствуваат задоволно, вистински да помагаме во заедницата во која живееме и делуваме, како и создавањето на хармонично работно опкружување со можност за личен и професионален развој на сите вработени. Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас. Ќе продолжиме да работиме на наше постојано надминување во сите сфери и да создаваме поповолна социјална и деловна клима, служејќи како пример за успешно работење, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm drogerie markt во Северна Македонија и Србија.

Комплетната понуда на dm опфаќа повеќе од 14.500 производи.

Поддршката на домашните производители беше во фокус на асортиманскиот развој на компанијата и во оваа деловна година. Така, на полиците во dm, купувачите може да пронајдат повеќе од 500 производи од домашно производство од различни асортимани.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...