„Киппер“ отвори нов маркет во скопската населба Аеродром. Маркетот, кој беше отворен вчера (8 ноември), е 74. продажен објект во мрежата на синџирот хард-дисконти.
Новиот „Киппер“ се наоѓа на адреса Владимир Комаров, бр. 1. Вкупно се простира на површина од 517 квадратни метри, од кои 445 се продажен простор, 49 се магацински, а преостанатите квадратни метри се наменети за други простории.
Маркетот располага со две наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.400 различни артикли.
Од „Киппер“ за InStore ги потврдија претходните планови за динамиката на отворање на нови објекти: Во планот за проширување за компанијата следни локации се Гостивар, Радовиш, Струмица, Тетово, Желино и Бервеница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.