Денеска (3 ноември) компанијата „Гранд пром Зур“ го отвори новиот „Дим маркет“, кој е 13. продажен објект од овој формат и петти во Куманово.
Новиот хард-дисконт се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар, бр. 33 и се простира на површина од 390 квадратни метри. За услугата се грижат 8 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи.
Ова е петтиот „Дим маркет“ во Куманово и вкупно 13. продажен објект од овој формат. Досега компанијата „Гранд пром Зур“ има вкупно 33 продажни објекта во малопродажната мрежа, од кои 20 „Зур“ и 13 „Дим маркет“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.