Македонија

Отворена е „Ла фамилиа“ во „Ист гејт мол“

29 Oct 2021

Денеска се отвори новата специјализирана продавница „Ла фамилиа“ (La Familia Liquor & Gift Shop) во Скопје. Третата продавница од овој формат е лоцирана во новиот трговски центар „Ист гејт мол“ на нивото -2.

Како што информираат од компанијата, „Ла фамилиа“ е со тематски конципирано ентериерно уредување, замислено како потсетување на триесеттите години на минатиот век, кое како контрапункт го има модерниот аспект и високата технологија, претставени низ опремата. „Салонот за хедонисти“ има околу 80 квадратни метри продажен простор, поделен на сегменти. Двете наплатни каси се позиционирани на влезно-излезната партија, сместени на соодветно поставен пулт, а за услугата се грижат 8 вработени.

Портфолиото го сочинуваат повеќе од 4.500 производи, распределени во неколку групи: пијалаци (безалкохолни, алкохолни, вина), производи од тутун, пакувани производи, подароци, специјализирани секции за свежо цвеќе, книги, грицки и за кафе, како и други FMCG-производи.

Истражувајќи ги потребите на пазарот и на поспецифичните групи потрошувачи, уште пред пет години утврдивме дека е потребна понуда од нешто поинтересно, поприспособливо за вкусовите. Така, чекор по чекор, ја развиваме „Ла фамилиа“, вели Далибор Ѓошевски, сопственик на брендот.

Идејата зад „Ла фамилиа“ е да се развива како франшиза. Продавницата во „Ист гејт мол“ е трета по ред, односно втора во Скопје. Првата продавница беше отворена во јули 2018 година во Велес, а втората во центарот на главниот град е отворена две години подоцна. Од „Ла фамилиа“ потенцираат дека идејата е да отворат повеќе вакви специјализирани продавници во сите поголеми градови низ Македонија, а не изостануваат ни регионалните амбиции и перспективи за пошироко од Балканот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...