Производите од палетата замрзнато месо на „Слога Пром“ имаат нови, модерно дизајнирани пакувања.
Како што информираат од компанијата, производите сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа специфична по боја и дизајн, што овозможува секој потрошувач лесно и брзо да го одбере производот што му е потребен.
Со новиот дизајн на пакувањата, компанијата се оддалечи од индустрискиот изглед што преовладува кај овој вид производи на пазарот, додавајќи повеќе бои и модерен дизајн, на кој не сме навикнати за месото и производите од риба. Новата амбалажа е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи, соопштуваат од „Слога Пром“.
Од компанијата додаваат дека новиот дизајн е одговор на животните навики на потрошувачите, кои постојано се менуваат: Како и во секоја друга индустрија, така и во прехранбената, важно е дизајнот на пакувањата постојано да се развива за да ги разбере новите трендови и процеси во областа на одржливоста, технологијата и производството, истовремено земајќи ги предвид желбите и афинитетите на потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.