Македонија

Вкупно 5.713 фирми не исплатиле плата за последните два месеци

08 Oct 2021

Во моментов со состојба од 4 октомври, обврзници кои немаат исплатено плата за месеците август и септември се 5.713 фирми, информира денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според неа, бројката на вработени кои не добиле плата е 14. 829 граѓани.

До сите обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активност, денес или првиот ден после празникот ќе бидат доставени блокади. Тоа е надлежност на Управата за јавни приходи, додаде Лукаревска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...