На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска се одржува традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.
Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако сакаат, и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе ја отвори министерот Арјанит Хоџа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.