Денеска (17 септември) „Кам“ го отвори реновираниот и проширен маркет во скопската населба Козле, на истоимената улица бр. 53.
Како што информираат од „Кам“, реновирањето на новиот маркет траело 12 дена. Модерниот маркет е проширен за 260 квадрати и сега се простира на површина од 702 квадратни метри. Во асортиманот се вклучени и свежо месо и риба, свежо овошје и зеленчук, пекарница со свежи печива, производи од приватните марки и најразновидни светски брендови на прехранбени производи.
Асортиманот на маркетите „Кам“ континуирано се збогатува, а цените и понатаму се висококонкуренти на пазарот и придонесуваат за економично распределување на буџетот на потрошувачите. Принципот на висок квалитет и ниска цена е задржан, а со реновирањето и проширувањето на постојните маркети, „Кам“ и понатаму останува да се држи до современите принципи на хард-дисконтите: скратено време на пазарување, лесно ориентација и едноставно шопинг-искуство, изјавија за InStore од „Кам“.
Пред нецел месец (19 август), македонскиот хард-дисконтер го отвори новиот маркет во трговскиот центар „Прима“ во Тетово, на површина од 643 квадратни метри. Како што најавија од „Кам“, наскоро ќе биде отворен и првиот маркет во Пробиштип во непосредна близина на плоштадот, општината и градскиот пазар (ул. Јордан Стојанов, бр. 2), на површина од 451 квадрат.
Продолжуваме со континуирана експанзија на продажната мрежа, како и со реновирање и проширување на постојните маркети. Асортиманот го збогатуваме со нови категории производи, во согласност со потребите на потрошувачите, селектирани како најдобар избор од строго контролирано потекло, истакнуваат од „Кам“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.