Македонија

По 15 денари ќе се наплаќаат пластичните кеси од 1 декември

16 Sep 2021

На вчерашната седница Собранието ги усвои Законите за управување со отпадот, за управување со пакување и отпад од пакување, за управување со дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

Подготовката на законите траеше долг временски период, со учество на меѓународни и локални експерти, преку консултација со засегнатите страни, општините, колективните постапувачи и комуналните претпријатија, невладиниот сектор и јавноста, со цел вградување на потребите на засегнатите страни и втемелување на принципите на заштита на животната средина во еден функционален систем кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса, појасни министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...