Трговијата на мало во јули 2021 година бележи пораст на прометот во споредба со јули 2020 година, објави Државниот завод за статистика.
Според групи и класи, зголемување на прометот има кај трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,7%, а реално за 5%); трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 11,8%, а реално за 10%); трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,8%, а реално за 7,6%); и трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 40%, а реално за 18,7%).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.