Македонија

Пораст на продажните цени на индустриските производи за 9,9%

31 Aug 2021

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 9,9 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во јули продажните цени се повисоки во споредба со јуни во групите: енергија (9,9%); интермедијарни производи, освен енергија (0,7%), трајни производи за широка потрошувачка (0,4%) и капитални производи (0,3%).

Во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија (24,8%); трајни производи за широка потрошувачка (4,7%); интермедијарни производи, освен енергија (15%); нетрајни производи за широка потрошувачка (2%) и капитални производи (1%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...