Македонија

„Киппер“ ќе гради дистрибутивен центар во Желино

27 Aug 2021

Министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за животна средина Насер Нуредини денеска ја посетија компанијата “Киппер маркет“ од Тетово која што е една од од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку Јавниот повик за зголемување на конкурентноста кој што го спроведе Министерството за економија.

На средбата, менаџментот на „Киппер“ ги информираше за реализацијата на последната инвестиција во изградба на дистрибутивен центар, како и за плановите за раст и развој на компанијата во наредниот период.

Бектеши искажа задоволство што компанијата “Киппер маркет“ која е една од најголемите во општина Тетово инвестираше во време на пандемија и со тоа го означи успехот за во иднина.

Би сакал јавно да му честитам на менаџментот, раководството, сопствениците на „Киппер“ кои континуирано ги зголемуваат своите капацитети и не само во однос на зголемување на инвестициите, туку истовремено индиректно и директно влијаат на зголемувањето на другите економски капацитети, рече Бектеши.

Генералниот директор на „Киппер“, Висар Јакупи,  се заблагодари на поддршката од Владата и од Министерството за економија за реализација на инвестицијата во изградба на дистрибутивен центар во Желино, и потенцираше дека тоа за нив ќе
продонесе за поголем раст и развој на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...