Македонија

Реакција од трговските центри и од трговците за новите мерки

26 Aug 2021

Трговските центри и трговците бараат да се укинат рестрикциите за невакцинираната популација во најкраток можен рок.

Во продолжение, го пренесуваме во целост нивното заедничко соопштение:

Од почетокот на пандемијата, трговските центри даваат огромна поддршка во борбата против ковид-19. Иако, трговските центри и закупувачите претрпеа големи загуби во последната година и пол од почетокот на пандемијата, беа имплементирани сите прописи со најголеми заложби. Иако додека немаше рестрикции за невакцинираните посетители, бројот на заболени беше под 5 луѓе. Ова е показател дека трговските центри не се места каде што се шири вирусот. Додека трговските центри и трговците се опоравуваат од големиот удар, оваа одлука целосно ќе го уништи секторот.

Носењето маски е задолжително во трговските центри, има ограничувања на бројот на посетители во продавниците, постојат сигнализации за одржување растојание, во секој агол постојат средства за дезинфекција, има распоред за дезинфекција на сите места на кои посетителите стапуваат во контакт, сите системи за вентилација се чистат и се дезинфицираат редовно. 

Не може трговските центри да се обвинуваат што стапката на вакцинација е под 30%, бидејќи немаше кампањи за свест за вакцинација, немаше повратен одговор на предлозите на трговските центри за кампања. Не може трговските центри да се обвинуваат за секоја организирана свадбена прослава, каде што се создадоа многу кластери, не се бараше сертификат за вакцинација или ПЦР-тест како доказ за присуство на настани, концерти и музички фестивали во земјата. Дополнително, патниците/туристите што влегува во земјата не беа обврзани да покажат негативен ПЦР-тест/сертификат за вакцинација, што е случај со 99% од земјите во светот.  

Ако целта на рестрикциите за трговските центри беше подигнување на бројот на вакцинирани, трговските центри секако би ги поддржале одлуките на владата, доколку за нив имаше најава и период за подготовка за спроведување. Потребно беше да има големи кампањи за да се крене свесноста за вакцинација пред рестрикциите, да се прифатат сугестиите за кампањи и да се направеа поголеми рестрикции за концерти, свадбени прослави и влез во земјата, пред да нѐ погоди новиот бран. Свесни сме дека мора да преземеме заемна акција и да покажеме голема загриженост за новиот сој, кој се шири многу побрзо, но тоа треба да биде заемна одговорност. Со оваа одлука одговорноста не е споделена и за жал, трговските центри се користат за да се зголеми стапката на вакцинирани луѓе без никакви претходни најави, консултации и заеднички напори. Моловите се речиси празни, што значи дека преку трговските центри не може да се зголеми процентот на вакцинирани луѓе.

Во Европа гледаме слични одлуки на владите, но со голема разлика. Таму одлуките не беа носени преку ноќ без претходна јавна објава и беа подржани со големи кампањи за кревање свест за вакцинација, дополнително и со рестрикции за влез во земјите и за организирање големи настани.

Не може да го зголемиме процентот на вакцинација само со казнување на бизнисите. Владата треба да преземе поголема одговорност и да бара нови начини за да ги поттикне граѓаните да примат вакцина.  

Земјите во регионот имплементираат различни методи за да мотивираат повеќе граѓани да се вакцинираат и не постојат ограничувања за влез во трговските центри. Исто така, бевме сведоци дека владите соработуваа со трговските центри каде што имаше пунктови за вакцинација. Вооедно, имаше сугестии за соработка во нашата земја, но за жал немаше никаков повратен одговор. Разбираме дека не можеме да ги копираме решенијата на другите земји. Но, треба да разбереме што стои зад колебањето во однос на вакцинацијата и треба внимателно да размислиме дали има решение што ќе има поголемо влијание на нашиот ментален склоп.

Трговските центри и трговците бараат да се укинат рестрикциите за невакцинираната популација во најкраток можен рок. Доколку тие продолжат без да се имплементира и подигне свесноста, многу трговци и брендови ќе бидат принудени да ги затворат бизнисите. Многу луѓе се плашат да се вакцинираат, па наместо воведување рестрикции за луѓето, одлуките на владата треба да ги мотивираат и да понудат решение за овој проблем. Рестрикциите имаат ограничено дејство, а спротивниот ефект што може да се предизвика, може да биде далеку поголем.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...