Македонија

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Ѓорче Петров

17 Aug 2021

Од денеска (17 август) повторно е отворен реновираниот маркет „Тинекс“ во скопската населба Ѓорче Петров на истоимената улица, бр. 22.

По реновирањето, маркетот „Тинекс“ располага со зголемен продажен простор од 570 квадратни метри и е конципиран со два влеза, за да се олесни пристапноста за потрошувачите.

Како што соопштуваат од компанијата, маркетот сега има помодерен изглед со елементи на дрво и уште попријатна атмосфера за пазарување. Покрај редовните оддели, располага со голема и модерна пилјара, каде што може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекарница со свеж леб и топли бели печива и др. По реновирањето, новитет е месарницата со голем избор на свежо месо и преработки од месо, кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“. Дополнително, отстапен е и поголем продажен простор за категоријата органска и здрава храна.

Во маркетот работат вкупно 25 вработени и има 4 наплатни каси за услужување на потрошувачите.

Целта на „Тинекс“, како што информираат од компанијата, е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарување на потрошувачите и затоа постојано ги унапредува постојните маркети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...