Македонија

Пораст на индустриското производство за 16,5 отсто

02 Jul 2021

Индустриското производство во мај годинава во споредба со ланскиот мај е поголемо за 16,5%, а кумулативно во првите пет месеци од 2021 година во споредба со истиот период во 2020 година бележи пораст за 6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

По сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2021 година во споредба со мај 2020 година бележи опаѓање за 12%, секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 27,2%, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – пад за 27,9%.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, производи од гума и од пластични маси, други неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи (освен машини и опрема), електрична опрема, машини и уреди, неспоменати на друго место и моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2021 година во споредба со мај 2020 година бележи пораст кај интермедијарни производи (освен енергија) за 34%, капитални производи за 44%, трајни производи за широка потрошувачка за 61% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6%, додека опаѓање бележи кај енергија за 43,5%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...