Македонија

Српските туристи од денеска ќе добиваат картички за бесплатна патарина

15 Jun 2021

Патниците од Србија кои со автомобил доаѓаат во земјава, на граничниот премин „Табановце“ ќе добијат м-смарт картичка со која ќе може бесплатно да поминуваат на патарините до граничниот премин со Грција.

На картичките има кредит од 760 денари , колку што е потребно за поминување на Коридор 10 во двата патни правци. Изработени се веќе 65 илјади картички и се предадени на МВР кое ќе издава по една за секој автомобил.

За оваа намена Владата издвои 172 милиони денари за набавка на 200. 000 картички кои ЈП за државни патишта ќе ги изработува сукцесивно.

Српските државјани ќе можат да ги искористат бесплатните патарини до 15 август, но м-картичките ќе можат да ги задржат и понатаму да ги користат со надополнување на кредит од најмалку 300 денари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...