Македонија

Ивица Саралиевски: Водењето на „Подравка“ ќе биде вистински предизвик

07 Jun 2021

Ивица Саралиевски од 1 јуни стапи на функцијата нов генерален директор на хрватскиот прехранбен гигант „Подравка“ во Македонија. Тој дојде на местото на доскорешниот директор Игор Мањиќ, кој заминува на нова функција во Босна и Херцеговина. 

Водењето на компaнијата ќе биде вистински предизвик бидејќи колегата пред мене направи сериозни реформи кои треба да се одржат во иста кондиција, но и да се согледаат нови можности за дополнително унапредување. Во фокус ќе ми остане следењето и прилагодувањето на промените кои се случуваат во FMCG индустријата, задржување и унапредување на позицијата на асортиманот на „Подравка“ на македонскиот пазар и остварување на годишните цели на компанијата за 2021 година, изјави Саралиевски за InStore.

Тој е прв директор - Македонец во „Подравка“ - Македонија.  

Саралиевски ја почнал кариерата во FMCG - секторот во 2005 година, како агент за продажба во наша дистрибутивна компанија. Работел во две дистрибутивни компании кои дистрибуираат познати светски брендови ( P&G, Mondelez, Nestle, Wrigley, Zott …. ). Од почетокот на 2019 година ја превзема позицијата директор за продажба во „Подравка“ - Македонија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...