Светскиот ден на млекото – 1 јуни, „Бимилк“ како најголема компанија во млечната индустрија во земјава го одбележа со донација за сите семејства кои вчера добија принова во најголемите родилишта во земјава – Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Клиничката болница во Битола.
Донацијата се состои од Битолско млеко и Битолско млеко со 10 витамини.
Одбележувањето на Светскиот ден на млекото произлегува од важноста на млекото како глобална секојдневна храна. Во таа насока е и нашата донација, како поддршка на семејствата што добија принова, да се чувствуваат енергично и здраво во овие важни моменти, затоа што грижата за децата, посебно за новороденчињата секогаш започнува од грижата за себе, за сопствената психичка и физичка виталност. Но, исто така и да потсетиме дека млекото е единствената храна што ја примаме од првиот ден и во текот на целиот живот, токму затоа што се неопходни придобивките од млекото за организмот од секоја возраст, соопштија од „Бимилк“.
Дополнително, сите новороденчиња од „Бимилк“ добија и радосници, каде што нивните родители ќе може да ги забележат првите моменти од животот.
Донациите на „Бимилк“ по повод светскиот ден на млекото се веќе традиционални.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.