За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, СКОПСКО на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“, соопштија од „Пивара Скопје“.
Лименките го содржат потписот и бројот на дресот на репрезентативците.
Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.
Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.