Македонија

Донација од 400 пакети од „Слога пром“ за семејствата во социјален ризик

12 May 2021

„Слога пром“ донира 400 пакети со замрзнати месни производи за семејствата од исламска вероисповед кои се во социјален ризик.

Ова е втора донација од компанијата за социјално загрозените семејства после велигденската, а од таму велат дека поводот за донацијата е празникот Бајрам. Целта е да им се помогне на семејствата што како резултат на последиците од кризата предизвикана од пандемијата се најдоа во лоша социјална ситуација.

Егзистенцијалните предизвици станаа сè поголеми и почести последнава година, многу семејства ги изгубија единствените извори на средства за да го прехранат семејството. И ова се проблеми што се случуваат насекаде околу нас и на кои, ни како компании, ни како граѓани, не смееме да вртиме поглед. Поразително е денес некој да нема да го прехрани семејството. „Слога пром“ заедно со своите вработени донира и понатаму ќе ја дава својата помош секаде каде е потребна, вели Ласко Јованов, управител и менаџер за увоз во „Слога пром“.

Распределбата на донираните производи се одвива преку ИВЗ Скопје, Џамиски одбор Кавадарци и преку Хуманитарна група граѓани од муслиманска вероисповед во Битола.

Вклучително со претходно донираните 600 пакети со производи распределени вкупно 1.000 пакети со разни производи за семејства низ целата држава. Со дополнителна донација е поддржан и „Проект Среќа“ при што семејствата и од овој проект се снабдуваат со пакети прехранбени производи од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...