Македонија

ФИТР: Во јуни ќе се знае кои компании ќе добијат грантови вредни 6 милиони евра

26 Apr 2021

Вкупно 706-те пристигнати апликации до Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во моментов се наоѓаат во фаза на претселекција.

Оценувањето во оваа почетна фаза се спроведува од домашни и стручни лица од 22 области на експертиза. Во финалната селекција, односно пред одлука на Комитетот ќе влезат проектите кои ќе освојат минимум 51 поен. Финалната листа на избрани проекти се очекува да биде готова во текот на јуни. Фондот распиша повик за финансирање во износ од 6 милиони евра грант за фирми со иновативни проекти, а месецов објави дека аплицирале дури 706 компании.

Вкупиот обем на инвестиции од предлог-проектите изнесува 63 милиони евра, од кои речиси 27 милиони би биле влог на компаниите, додека од ФИТР побаруваат 36 милиони евра.

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст,  540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании

Извор: Пари



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...