Македонија

Фирмите ќе можат да аплицираат за Ковид 4 бескаматен кредит до 30.000 евра

20 апр 2021

Фирмите наскоро ќе може да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, што е дел од петтиот пакет економски мерки, најави денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Издвоени се 615 милиони денари или 10 милиони евра, а компаниите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра. Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработени или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант. Владата наскоро ќе објави повеќе детали околу критериумите за оваа мерка.

Преку трите бескаматни линии, кои досега беа пласирани преку Развојната банка, досега се зачувани 36.800 работни места во преку 2.700 фирми, а инјектирани се 44,1 милиони евра во стопанството. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...