Македонија

Битиќи: Следиме дали има вештачко зголемување на цените

13 апр 2021

Единствениот механизам на државата за контрола на цените на производите во моментот е испекцијата која може да утврди дали има неправилности и вештачко зголемување на цените, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој најави дека наскоро ќе се излезе со податоци од контролите и таму каде ќе бидат констатирани неправилности ќе бидат преземени мерки. 

Минатата година поради прогласената вонредна состојба, Владата со уредба можеше да донесе одлука со која што директно интервенираше да нема пораст на одредени производи. Сега единствениот механизам ни е преку пазарната инспекција да утврдиме дали има неправилности и дали има навистина зголемување на цените на вештачки начин. И веќе ние ги следиме секојдневно, не само од јавувањето на граѓаните. Ние и самите го следиме движењето на цените. Веќе има таква интервенција на неколку субјекти. Наскоро ќе излеземе со податок што точно ќе направиме и секако сите тие што се обиделе да профитираат или во овој момент кога на сите нас ни е тешко да изнесат максимална добивка од состојбата се што е законски ќе се преземе, рече вицепремиерот Битиќи во гостување на ТВ Сител.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...